Граѓанскиот простор за прогресивни организации и активисти во Западен Балкан континуирано се намалува, додека нивната работа останува особено важна, а сепак организациите се соочуваат со безбедносни ризици, правни закани како и предизвици при финансирање, предупредува фондацијата „PeaceNexus“.
„Со цел да направиме план за тоа како ги поддржуваме нашите партнери, „PeaceNexus“ нарача истражување за решавање на следниве прашања: кои итни извори на поддршка се достапни? Како другите финансиери пристапуваат кон овие прашања?“ објави фондацијата.
Извештајот ги мапира најчестите типови на поддршка што се нудат, вклучувајќи финансиска (грантови), правна, психолошка, дигитална и безбедносна поддршка. Обезбедува увид во пристапите на приватните донатори и финансиери кон итна поддршка и формулира активни препораки за приватните донатори и финансиери за подобрување на пристапот до итна поддршка.