(ВИДЕО) Автомобил удри студентка на блокадите во Белград, возачот е осомничен за тешко убиство во обид

Дваесетгодишна девојка добила тешки повреди откако во неа удрил автомобил за време на студентските блокади на улицата „Рузвелтова“ во Белград, Србија, објави Н1, повикувајќи се на извори од белградската служба за прва помош.

Девојчето со тешки повреди било пренесено на Ургентниот центар во Белград, но било во свесна и стабилна општа состојба.

Девојката била удрена од автомобил за време на комеморацијата на жртвите од урнатата настрешница од железничката станица во Нови Сад, во која загинаа 15 лица. По ударот, автомобилот ја носел девојката на кровот неколку метри, по што таа паднала на асфалтот, а возачот побегнал од местото на настанот.

Станува збор за студентка на Правниот факултет во Белград, која во моментот на ударот стоела на тротоар.

Вишото јавно обвинителство во Белград соопшти дека отворило случај против 36-годишниот М.П. кој го возел автомобилот.

Осомничениот е уапсен и се товари за кривично дело Тешко убиство во обид. Одредена му е мерка притвор од 48 часа.

„Н1“ објави видео од случајот. Предупредување: видеото е вознемирувачко.

View this post on Instagram

A post shared by N1 Srbija (@n1srbija_)

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе