ТАВ Аеродроми: Нова директна авиолинија Скопје – Париз до аеродромот Орли

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, објавува дека
„easyJet“, втората по големина авиокомпанија за летови на кратки и средни релации во Франција и со водечка улога во локалното поврзување, воведува нов директен лет од Меѓународниот аеродром Скопје до аеродромот Орли во Париз.

„EasyJet“ ќе почне да лета од Париз до Скопје и назад на 2 април 2025 година.

На новите директни летови на релација Париз – Скопје – Париз „easyJet“ ќе оперира со два лета неделно, или секоја среда и сабота.

„Како ТАВ Аеродроми, аеродромски оператор, со задоволство ја објавуваме оваа атрактивна авиолинија и ново воздушно поврзување меѓу Скопје и Париз. Новата авиолинија, обезбедена благодарение на авиокомпанијата easyJet е значајна пресвртница бидејќи ова е првпат Меѓународниот Аеродром Скопје да се поврзе авионски со директен лет со аеродромот Орли, кој исто така е управуван од Групацијата АДП, чија членка е и ТАВ Аеродроми. Покрај тоа, оваа нова можност за патување дополнително ќе им овозможи на нашите патници да ја искусат услугата на уште една нискобуџетна авиокомпанија, со што ќе им обезбедиме на нашите патници повеќе опции за патување и можности да се поврзат со еден од најживописните градови во Европа, познат како Градот на светлината“. – изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе