Maнастирскиот комплекс „Света Богородица Балаклија“ во Делчево утре станува побогат за 68 јавора

Делчево, 25.01.2025

Сатиричарот Миле Ѓорѓијоски по повод својот 68 роденден дефинира 68 јавори кои, утре (недела 26.01.2025) ќе бидат засадени во кругот на Манастирскиот комплекс ,,Света Богородица Балаклија” во Делчево.

Акцијата за засадување на јаворите е во организација на ПСК ,,Голак”, кое ќе засади плус 11 јавори по повод нивниот 11 роденден.

Оваа убава и корисна акција е со благослов на епископот Делчевско-каменички” г. Марко кој исто така ќе присуствува на настанот.

,,Се надевам овој пример ќе го следат и многу други мои сограѓани и со тоа ќе придонесат за развивање и зачувување на природата. Оваа година ќе засадиме 68, догодина 69 јавори. Се надевам еден ден подржувачи и донатори ќе бидат моите деца, внуци“, вели  Ѓорѓијоски

Кон акцијата со свој допринос се придружија и невладината организација ,,Жена” и пекарата ,,Луна Гив”- Делчево

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе