Со видео надзор Штип ќе го ќе го решава вандализмот

Штип, 19.02.2025

Штипјани се главно пристојни и добро воспитани луѓе, но и меѓу нив има такви на кои ништо не им е свето, па покрај друготото на определени локации во градот можат да се видат призори на вандализам главно преку испокршена урбана опрема.

„Општина Штип на годишно ниво троши околу три милиони денари за поправка на детски реквизити, канделабри и урбана опрема. Тоа некако мора да се намали, ако не и целосно да се спречи“, рече Панче Стефановски, директор на ЈП Стипион.

Градоначалникот Иван Јорданов информира дека во тек е поставувањето на 200 камери преку кои ќе се контролираат настаните по штипските улици, булеварите, игралиштата во урбаните заедници, просторот околу и во дворовите на детските градинки, пешачката патека долж реката Брегалница.

-„Сакаме уште побезбеден и уште попристоен град, напорно и посветено работиме на тоа па состојбата ќе ја контролираме преку видео надзор“, појасни Јорданов кој е уверен дека тоа ќе даде резултат.

Според Панче Стефановски, директор на ЈП Стипион, има појави на уништување на заштитните столпчиња по тротоарите, чија функција е да се спречи паркирањето на возила по тротоарските површини и да се заштитат автобуските постојки.

Ваков вид на надзор освен во централното градско подрчје ќе се поставува и во повеќе урбани заедници во градот.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе