Захариев не даде одговор на модерните робови од Отиња

На трибина на владеачката партија ВМРО ДПМНЕ одржа лани летото во Штип, во Центарот за култура „Ацо Шопов“, присутните, речиси целокупното раководство на оваа партија,  добија можност да им поставуваатпрашања на оние кои беа на бината..

Откако пет-шестмина штипјани му „испеаја“ панигирици на градоначалникот Илчо Захариев, еден од присутните го зеде микрофонот и постави едно многу непријатно прашање кое го упати на адреса на градоначалникот. Граѓанинот јасно праша до кога тие што работат на уредувањето на коритото на реката Отиња ќе бидат плаќани само со по 5.000 денари месечно, и зошто тие пари градоначалникот им ги исплатува на раце, а не преку сметка.

–„Работиме на пеколно сонце, по силен студ и ветер, често мокри од дожд, работиме од утро до вечер, а вие ни давата само по 5.000 денари. Зарем тоа не е срамота“, реќе човекот. На едно такво, како солза чисто прашање, Захариев , очекувано, вртеше како дожд околу Крагуевац и не го даде бараниот одговор.  Барем не до ден денешен, време подолго од една година. А работници и понатаму како модерни робови, работат во Отиња и под исти услови.

Сепак, овој граѓанин ги заслужува нашите честитки зашто на јавна сцена го потврди она за кое само се шепоти во Штип. Дека „луѓето од Отиња“ работат за мали пари, дека парите им се исплаќаат на незаконски начин, дека работат по голем студ, пеколно сонце, ветер, дожд, по време и невреме за дома да однесат „фрапантни“ 5.000 денари. Некој кој има чувство на срам би поцрвенел после едно вакво шокантно откритие. Дали така ќе биде и со главниот архитект на оваа морбидна штипска сторија во која жртви се „обичните“ луѓе кои се борат за гол опстанок, останува да се види, а и некоја инспекција да истражи…

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе