Во четврток во 12 часот во „Јуроп Хаус“ во Скопје, ќе се одржи панел-дискусија по повод 30 годишнината од пристапувањето на Австрија, Финска и Шведска во Европската Унија.
На настанот ќе се обрати Бен Нупнау, вршител на должност Амбасадор во Делегацијата на Европската Унија, по што ќе следи дискусија со амбасадорите на Австрија, Финска и Шведска, кои ќе споделат размислувања за евроинтегративниот пат на нивните земји, релевантни гледишта за Северна Македонија, како и за поширокото значење на членството во ЕУ денес.
Пред почетокот на панел-дискусијата, изјави ќе дадат Мартин Памер, амбасадор на Австрија, Никлас Линдквист, амбасадор на Финска и Ами Ларсон Џеин, амбасадорка на Шведска.
Овој настан е организиран како дел од серијата настани за одбележување пресвртници во проширувањето на ЕУ, организирани од Делегацијата на ЕУ и „Јуроп Хаус“, во соработка со амбасадите на земјите-членки на ЕУ низ мрежата на „Јуроп Хаус“.