ССМ повикува на првомајски протест за ниските плати, нечовечните услови за работа и доцнењето со исплата на платите

ССМ го стави првомајскиот марш на страна, и ги повика сите на првомајски протест оваа година. Праксата за марш се напушта поради, ниските плати, нечовечните услови за работа, доцнењето со исплата на платите и во приватниот и во јавниот сектор како и поради непочитување на колективните договори.

Од ССМ ги повикаа сите синдикати, граѓани и работници кои не се задоволни од висината на платата и условите за работа да им се придружат на 1 Мај за да се изборат за барањата за зголемување.

„Сите што му мислат добро на работникот треба да го поддржат и да излезат на првомајскиот протест, на кој ќе биде изразено незадоволството поттикнато од ниските плати“, порача лидерот на ССМ, Слободан Трендафилов.

Тој ги повика на масовно присуство членовите на сите синдикални здруженија, работниците, граѓаните, борците и активистите за човекови права да се придружат кон протестот кој ќе почне во 11 часот пред Работничкиот дом. Има многу причини „за“, но ниту една „против“ излегувањето на протест на 1 Мај, нагласи синдикалниот водач.

„Многумина сѐ уште ги немаат примено платите за март, што е уште една причина заа протест. Освен на вработените во културата, според податоците со кои располага, мартовската плата не им е исплатена и на вработените во Министерството за економија и труд, во Државниот пазарен испекторат, во Државниот инспекторат за труд, во дел од Јавното обвинителство, во Водостопанство и во други институции од јавниот сектор.“ посочи Трендафилов.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ССМ Млади (@ssm_mladi)

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press