КОЧАНИ: Откажани музичките содржини предвидени во програма на Петровденските празнувања

Кочани, 12.07.2025

Општина Кочани ги откажува сите музички случувања во рамките програмата за Петровденското празнување.

„Животот продолжува, но трагедијата во дискотеката „Пулс“ нè остави во заложништво на болката, особено за родителите кои живеат со страв и загуба.

Откажувањето на музичкиот дел од денешниот и утрешниот настан не требаше да се случи – не затоа што не ја почитуваме тагата, туку затоа што нашата обврска е да се грижиме за сите, да го вратиме нормалното секојдневие и да покажеме дека заедништвото се гради со храброст и заедничка работа, а не со запирање на животот“, објави в.д. градоначалникот Венко Крстевски.

Оваа одлука, иако донесена со добри намери и по консултации, ја преиспитувам, водејќи се од вашите емоции и потребата да се движиме напред.

Со срце и душа за Кочани, напиша на фб Крстевски.

Инаку, по повод Петровден, во дворот на црковниот храм „Свети великомаченик Георгиј“ се одржа Духовна академија посветена на светиот апостол Петар, патронот на Кочани.

Духовната академија започна со палење на 63 свеќи во чест на загинатите млади во пожарот на 16 март оваа година во Кочани, а митрополитот Брегалнички г. Иларион со свештенослужители одржа панихида за нив.

На настанот настапија Машкиот византиски хор „Свети Нектариј Битолски“ и Детскиот хор „Св. Стилијан“ од Битола, а актерот Благој Веселинов читаше извадоци од Светото писмо.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press