Штип, 29.05.2017
- Градот плива во ѓубре, двоецот Захариев-Бојаџиев работи по принципот „Миле ми текна“ , Штип од регионален центар стана регионална депонија за ѓубре, жаби, животински смрдеж од зоолошката…
Иако на работа за бедна платичка во замена за нивниот глас на избори примија стотици чистачи на улици, Штип управуван од двоецот Захариев-Бојаџиев стана еден од најзагадените градови во државата. Неодамна објавивме фотографии од преполнет контејнер околу кого имаше двапати повеќе разлеан смет околу него. И тоа токму на влзезот од Градските гробишта. Денес донесуваме апокалиптични слики од состојбата со јавната комунална хигиена во центарот на градот.
Одамна е речена една слика илјада зборови, а ние во неколку нови слики ви го доловуваме Штип каков што е денес, а и подолг период во оваа година.
Штип, кој беше регионален центар подолго време личи на регионална депонија.
Во ова меѓувреме ЈП Исар стана нашиот Титаник преполнет со патници (работници) и екипаж кој нема никаков капацитет да управува со него. Како и славниот брод и овој нашиот е пред пропаѓање. Двоецот Захариев-Бојаџиев по принципот „Миле ми текна“ изградија зоолошка градина па сега на станарите од сите згради под Бриони и на вработените во делот во кој се сместени капацитети на Универзитетот „Гоце Делчев“ смрди од изметот на животните кој не се чисти редовно.
Баш овој двоец, пак по принципот „Миле ми текна“ се сети да изград „брана“ на почетокот од Отиња, па од жабите и нивниот крекет 24/7 немаат мир жителите од овој крај. По поројниот дожд жабите беа исфрлени од „браната“ па сега ги има низ целиот град и тоа во неговото централно подрачје.
(и.б.)