Професорот Чибишев предупредува дека вдишување чад од пожар може да убие

Професорот Андон Чибишев од Универзитетската клиника за токсикологија апелираше до граѓаните да не се вклучуваат во гаснење пожари без потребната опрема за заштита. Доктор Чибишев, откако деновиве се споделуваа голем број снимки на граѓани кои се придружуваат на пожарникарите во борбата со огновите, на социјалните медиуми напиша дека е голем ризик за здравјето вдишувањето на чад и отровни гасови.

„Поврторно морам да предупредам дека е крајно ризично, и не треба да се вклучуваат во гаснење на пожари граѓани кои на никаков начин не се заштитени од штетното дејство на чадот и отровните гасови. Јаглеродниот моноксид и цијанводородот убиваат без предупредување. Ги молам граѓаните, па и професионалците да користат заштитни средства и да бидат крајно внимателни, бидејќи  последиците од труење со отровните гасови можат да бидат многу сериозни“, напиша Чибишев.

Викендот, запалената сува трева во близина на спортскиот комплекс „Борис Трајковски“ предизвика евакуација на учесници и гледачи на ракометен турнир, а деветмина полицајци, кои заедно со пожарникарите учествувале во гаснењето на пожарот, завршија на Токсикологија откако вдишале чад.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press