Изгоре фабриката Винчини во Виница. На улица остануваат најмалку 400 работници

ВИНЧИНИ ПОЖАР 06.09.2025

Најмалку 400 работници од фабриката за кондиторски производи Винчини од Виница остануваат на улица, откако синоќа до темел изгоре производствениот погон, магацините полни со роба и административниот дел од фабриката.

Ова за економијата во Виница е најголем удар досега бидејќи Винчини вкупно вработува 500 лица. За 100 – тина од нив работен ангажман ќе има во дисперзираните погони но останатите се во комплетна неизвесност.

За сопствениците штетата е милионска, а точната сума ќе се знае откако на лице место ќе излезат проценителите од осигурителните компании.

Винчини располагаше со високо софистицирана роботска технологија за производство што овозможуваше извоз во 54 земји во светот.

Винчини е најголем извозник на кондиторски производи во државата, а извозот лани бил во вредност од 35,8 милиони евра.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press