Иднината си ја гледам во фудбалот

Лука Бојаџиев има 18 години. Тој е момче кое стопроцентно е посветено на спортот, на фудбалот. Настапува за ФК Брегалница, а негови идеали во најпопуларниот спорт на светот се фудбалерите кои навивачите ги нарекуваат „уметници“ и поради кои најмногу народ оди на фудбалски натпревари.

Бојаџиев на четири годишна возраст

-На фудбалот како спорт ме навлече Меси уште кога бев на 4,5 годишна возраст. Тогаш, иако многу мал, си реков дека мојата иднина ќе ја посветам на овој спорт. Подоцна, кога повеќе созреав, бев сосема на чисто дека фудбалери како Меси, Модриќ, Дибала се моите идоли и дека ќе се обидам да го играм фудбалот кои тие го играат. Навивам за Јувентус, сега имам 18 години, а си дадов завет дека ќе бидам упорен во остварување на својот сон, а животот сам ќе покаже што сум сонувал, а што сум направил, вели Лука во разговор за Штипски Глас.

Ова младо момче е студент на економски факултет на Меѓународниот славјански универзитет во Свети Николе. Вели дека ја сака економијата како наука, финансиите, бизнисот. Но, додава дека фудбалот му е број еден во животот.

-Како дете на тренинг ме водеше дедо ми Мичо, кој и самиот беше фудбалер на Мал Ајакс. Тој ме поддржуваше во остварувањето на мојот сон да бидам фудбалер, беше мојата најголема поддршка, коментира Лука кој е благодарен на првиот тренер Полазаров кој го прифатил кога имал 4,5 години.

Лука има 18 години, висок е 184 сантиметри, тежок 70 килограми и со својата градба е како создаден за фудбалер. Негов сон е да стане редовен првотимец во Брегалница, а потоа, еден убав ден, да заигра за Јувентус, неговиот омилен светски клуб.

За првиот тим на Брегалница дебатираше минатата година. Дебито му беше на куп натпреварот во Неготино против Тиквеш и против Работнички.

-Радоста од фактот дека го одиграв првиот натпревар за омилената Брегалница ми даде нов елан и силна решеност да тренирам и да напредува што повеќе, посебно и поради фактот дека нас најмладите поретко не пуштаа во првата екипа, а јас бев желен, сонував секогаш да бидам во првиот тим на Брегалница. И затоа секогаш бев најредовен на тренинзите на кои се трудев на секој начин и во секоја смисла  секој дена да напредувам под водство на тренерите Сенев, а сега и Костов, укажува Лука Бојаџиев.

Тој смета дека најмладите играчи треба почесто да добиваат место во првата екипа на Брегалница.-„Па гледате дека во најголемите светски клубови настапуваат фудбалери кои имаат 16,17,18 години, зашто тоа така не би било и кај нас“, се прашува Лука.

На нашето прашање во кој клуб се гледа себеси во иднина Лука го дава следниот одговор: – „Прво сакам да се наметнам како стабилен првотимец на Брегалница, ако пак успеам во фудбалот да го направам тоа што го сонувам тогаш Јувентус би бил мојот избор“, вели Лука.

Првиот гол за првиот тим на Брегалница го даде на натпреварот против Тетекс на кој натпревар Лука играше околу 20 минути. Но и тоа малку време беше доволно Лука, уште при првиот допир со топката да ја затресе мрежата на противникот. Инаку, ова талентирано за фудбал момче вели дека тој најмнолгу сака кога успева како играч за врска.

Лука има одлична височина за фудбалер какви што се најмладите момчиња во светскиот фудбал. Висок е 184 сантиметри, а тежок 70 килограми. На тренинг оди секој ден освен денот кој следи после некоја утакмица, а кој ден сите тренери го даваат за одмор на фудбалерите. Ова момче имграше во младинската екипа на Брегалница во финалето на Купот на Македонија против Брера, што говори за неговиот правилен и успешен развоен пат во фудбалот.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press