Затворен регионалниот пат Гостивар – Чегране поради излевање на Вардар, слаб снег на планинските премини

Регионалниот пат Р2-233 меѓу Гостивар и селото Чегране, поточно на потегот низ Форино, од синоќа е целосно затворен за сообраќај поради излевање на реката Вардар. Движењето се пренасочува преку алтернативната рута: од Чајле кон Старо Чајле и понатаму кон Форино, соопшти АМСМ.

И патот кон селото Герман останува непрооден, поради паднато дрво кај Станча, што целосно блокира сообраќајот.

Државните патишта се проодни, но коловозите се влажни, додека на планинските премини Крива Паланка (граничен премин Деве Баир), Делчево, Страцин и Пониква – има слаби врнежи од снег. За сега, тие не создаваат проблеми за возачите.

Од АМСМ велат дека сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема значителни чекања за влез или излез од државата.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press