ШТИП: Квенебергер Логистик слави 30 години раст и лидерство во Македонија

Штип, 22.04.2026

Кванбергер Логистик Македонија ја одбележува значајната пресвртница од 30 години успех и иновации на логистичкиот пазар во Северна Македонија и Централна и Источна Европа.

Основана во 1996 година како Greshake Transport, компанијата започна со мал тим и амбициозна цел да ја поврзе Македонија со европските пазари. Ребрендирањето во Birkart Globistik и Logwin Logistics ја постави компанијата како лидер во модната логистика.

Трајан Ангелов
Трајан Ангелов

Под водство на управниот директор Трајан Анѓелов, Quehenberger Logistics го прошири своето присуство, а во 2014 година започна нова ера како дел од групацијата Augustin Quehenberger, зацврстувајќи ја позицијата како доминантен играч во регионалната логистика. Денес, компанијата има над 200 вработени и повеќе од 40.000 м² логистички капацитети.

Со партнерството со Geis Group, Quehenberger Logistics продолжува да ја зајакнува својата европска мрежа и да нуди иновативни логистички решенија.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press