До СДСМ: Бидете енергични, демонтирајте ги лагите на вемерето

Скопје, 01.08.2017

Пишува: Беко Скоп
Пишува: Беко Скоп

На мојата партија СДСМ најискрено и препорачувам внимателно да ги следи чекорите на Грујо и неговата банда. Вака се изгледа наивно безопасно минливо за да си пишуваме шеги и да се потсмеваме на социјалните мрежи. Но не е така нивната пропаганда се уште исклучително добро работи по сценарија на кои и Холивуд може да им подзавиди. Го оцрнија договорот со Бугарија иако истиот е голем исчекор кон добрососедските односи. Каде е Фрчко да излезе и како професор по меѓународно право да даде мислење. Го оцрнуваат обраќањето на Талат за свеченоста за Илинден. Каде е било кој наш историчар да излезе и да каже дека кога Никола Карев се обратил од балконот по основање на Крушевската република првично од оваа заедница ја добил подршката. Ги оцрнуваат економските политики на Владата каде се нашите економисти да кажат во кој колапс е доведена економијата во Македонија, дека се били пропаганда а де факто само фамилијата се богатела.

Се било лага економските зони кои го исцицаа буџетот, намалените даноци кои во стварност само уште толку го урнаа стопанството и го осиромашија народот оданочуваа ама баш се се дупли и тродупли даноци воведоа. Се потсмеваат на социјалните политики иако во нивно време ова беше мисловна именка се регрутираа половина милион граѓани во сиромаштија…. да не редам уште има многу….

Особено ме револтира кога го критикуваат судството кое е нивна монтажа како персонално така и со законските измени кои ги направија. Поентата ми е бидете енергични демонтирајте и така сега еден куп советници пикнавте во Влада не да дремат туку токму да ја следат оваа пропаганда. Знаете од искуство дека нашиот народ паѓа на приказни и на трач рубрики и бла бла муабети. Алоооо наши идат локални не се пикајте под кебе…. да не ве изнедади резултатот од овие избориии. Вадете ги розовите очила и ставете очила со диоптрија подобро ќе видите.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе