Да се биде или не за Македонија ЃП во грчевитата битка за опстанок против Работнички

Денеска продолжува актуелното 29. Коло од домашниот ПМФЛ шампионат, во кое на стадионот во Ѓорче Петров ќе се сретнат домаќинот Македонија и тимот на Работнички.

Оваа градска пресметка која инаку стартува до 16:00 часот значи само едно за двата тима. Освојување на бодови кои ќе значат и натаму шанса за останување во прволигашката конкуренција.  Двата тима се во лоша состојба на табелата. Македонија е претпоследна, единаесетта со 24 бодови, додека Работнички е место погоре со четири бода повеќе.

„Лавовите“ седум кола немаат победа, и во нив имаат забележано само еден нерешен ресултат, оној против Брера, и шест порази.

Последен пат кога Македонија ЃП победи во домашниот ПМФЛ шампионат, беше токму дуелот против Работнички одигран на 4. Март, со конечни 3:1 токму на свој терен. Тогаш стреци беа, Адем, Стојчевски и Николиќ.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press