MИЛАНОВ: Штип отвора дебата за состојбите во ФК Брегалница

Штип, 04.08.2017

  • Клубот испадна од елитното фудбалско друштво, состојбата се влошува, во понеделник СДСМ Штип организира трибина за спас на Брегалница, добредојдени се сите со добри идеи, рече советникот од СДСМ Јане Миланов

Во светло на најновите случувања во ФК Брегалница, би сакале во оваа прилика да ја информираме јавноста и граѓаните за неколку работи:

По испаѓањето од прва лига состојбата во клубот и понатаму се влошува. Клубот го напуштија најголемиот број  на играчи, финансиската состојба станува се полоша, а тренажниот процес  комплетно е пореметен.

Во таа насока, соопштуваме дека СДСМ  иницира тематска трибина за анализа на состојбите во ФК Брегалница и нивно надминување и нејзино враќање на местото кое го заслужува. Трибината ќе се одржи на 7 август,  понеленик, во хотел Оаза, со почеток во 11 часот. Ги покануваме сите оние кои и сакат добро на Брегалница,  спортски работници, ветерани на клубот, новинари, навивачи, стопанственици, љубители на спортот, активно  да се вклучат  во оваа широка расправа.

Посебна покана упатуваме до Градоначалникот на општина Штип, како и на актуелното раководство на ФК Брегалница како најодговорни и најзапознаени со состојбите во клубот , како и до сите советници во Советот на општината, без оглед на нивната партиска припадност.

Нагласуваме, иако оваа трибина е иницирана од Општинската организација на СДСМ, преку нејзината советничка група, трибината нема партиски карактер и на неа се добредојдени сите добронамерни, сите оние кои на било кој начин можат да помогнат Брегалница да ја надмине оваа незавидна ситуација во која се најде како резултат на лошото водење и менаџирање .

Сметаме дека ова е начинот на кој треба да се решаваат проблемите и сите прашања кои се од јавен интерес, кои се однесуваат на сите граѓани, посебно ако се поврзани со трошење на нивните пари преку буџетот на општината, прецизира Миланов..

 

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе