Штип, 12.08.2017
- Најмногу слободни места – 730 има на Факултетот за туризам, на второ место е Факултетот за медицински науки со 660 слободни места, следат Економскиот факултет со 560, Земјоделскиот и Факултетот за информатика со по 540 слободни места, Правниот факултет со 420 …
Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, кој токму годинава ја одбележува првата деценија од постоењето, распиша конкурс за упис на 5212 студенти. Завршените средношколци ја имаат можноста да се запишат на Правен, Економски, Земјоделски факултет, на Факултетот за туризам, Факултетот за информатика, на от за медицински науки, за туризам, на Електротехничкиот факултет, на Машинскиот, на Технолошко технички факултет, на Ликовната и на Музичката академија. Годинава ќе нема упис на Филмската академија која е ставена во мирување.
Најмногу слободни места – 730 има на Факултет за туризам, на второт место по можностите е Факултетот за медицински науки со 660 слободни места, следат Економскиот факултет со 560 слободни места, Земјоделскиот и Факултетот за информатика со по 540 места, Правниот факлутет со 420 и така натаму.
Првиот уписен рок започнува на 14 (понеделник) а завршува на 16 овој месец (среда). Вториот уписен рок ќе биде на 24 и 25 месецов а третиот на 4 и 5 септември, оваа година.
„Ги покануваме младите да дојдат и да аплицираат на нашиот Универзитет бидејќи така ќе се стекнат со можност да студираат на еден од најдобрите универзитети во државата. Покрај тоа Штип како град и регионален центар е одлично место за живот и студирање, па се заедно тоа е одличен услов за квалитетно студирање“, вели ректорот проф.д-р Блажо Боев.
На УГД сепак не очекуваат во прва година да се запишпат пет илјади студенти. Споре Боев реалната бројка на нови студенти е околу 2.000 лица. –„Тоа е бројка која овозможува висок квалитет во стекнувањето нови знаења и вештини во високото образование. Впрочем тоа младите го препознаа па на УГД имаме студенти не само од Источна Македонија туку и од другите делови на државата и од странство. Токму за годинава од странски држави имаме најави дека поголем број млади го избрале УГД како своја високообразовна дестинација“, посочува Боев.
Штипскиот Универзитет има потреба од магистри и доктори на науки. Потребата се ззаокружува на бројката од 150 лица. Со нив квалитетот на наставата би се издигнал на уште повисоко ниво од сегашното, зашто секогаш има можност и потреба за напредок.
На УГД моменто се вработени 518 лица, од кои 227 се професори, 34 асистенти, 28 лаборанти, 75 лица се хонорарен наставен кадар а 107 се стручњаци од пракса.