Охрид, 13.08.2017
Плусинфо, синоќа, нешто после 23 часот објави информациија за кавга и наводен поголем инцидент во општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Охрид, на кој бил сведок и генералниот секретар на партијата, Кристијан Мицковски.
Наводно, дошло до физичка пресметка меѓу две групи, едните противници, другите поддржувачи на актуелниот градоначалник Никола Бакрачески.
Инцидентот се случил, кога биле споменати имиња на тројца можни кандидати за градоначалник, меѓу нив и Бакрачески.
Засега нема потврда дали инцидентот е пријавен во полиција.
Уште синоќа го контактиравме портпаролот на СВР од Охрид Стефан Димоски кој не можеше да ја потврди службено информацијата. Утрово повторно стапивме во контакт, само кажа дека и тој слушнал, но ништо повеќе не можеше да каже, што сугерира дека инцидентот не е пријавен вополиција.
Еден час после случајот, кој завршил со хепиенд „Ајде браќа да се напиеме кафе, (што слушнавте не слушнавте, што видовте не видовте!)“, еден од поистакнатите членови на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Пана, излезе со пост на својот Фејсбук профил.
„Не ја оценувам потребата. моментот и интенцијата на некои натписи во кои си има и неточности. Многу битна вест :). Но, нивно право. Точно е само дека секогаш сакав да помагам на Охрид, Македонија и Партијата. Да,тоа не беше ценето ама ОК. И затоа навистина не гледам повеќе на кое ниво во активната политика би бил. Останувам поддржувач на вистинските вредности. Се надевам дека низ политичката борба придонесов нешто во борбата за Охрид ,посебно за зачувување на неговите вредности. Стручната борба допрва станува посилна за Охрид …“.
Ова е статусот на Пана. Дополнително, тој допиша: „Нема (со поправка) никакво одење против партија. Но мислам дека нема ни што да дадам повеќе во АКТИВНАТА политика, посебно без поддршка. Дајте нови деца деца како синоним на нешто ново“.