Штип, 07.05.2026
Преку јавен оглас кој во медиумите ќе биде објавен утре (08.05.2026) штипската Клиничка болница која е од регионален карактер ќе прими 23 нови вработени лица во болницата.
Меицински сестри, болничари и акушерки се дефицитарен кадар кој ќе биде пополнет преку утрешниот оглас.
Во текот на наредната недела ќе биде објавен и втор оглас за две работни позиции.
Штипската Клиничка болница низ годините се соочува со дефицит на лекари специјалисти и помошен медицински кадар, а сега со отварањето на огласите во изминатите две години се пополнуваат испразнетите работни места.
Болницата се грижи за доброто здравје на околу 250.000 жители во Источниот регион.
