Со уште едно перфектно издание, Македонија победувајќи ја и вторпат Словачка го потврди своето место на ракометниот мундијал. Бекот на нашиот нациоанел тим, Филип Николов по средбата имаше свој коментар на двомечот.
„Гледајќи вкупно на двомечот, единствено воведните петнаесетина минути од првиот натпревар што се играше во Прешов беа резултатски израмнети. Во другиот дел, бевме подобар противник и заслужено се пласиравме на Светското првенство. Го респектиравме противникот и не го потценивме, ниту се преценивме во ниту еден момент и тоа најдобро се виде на реванш натпреварот. Одигравме добар меч, бевме фокусирани и имавме целосна контрола. Покажавме и победнички карактер и менталитет и дека можеме да се бориме за секоја топка без разлика на резултатот во текот на сите 60 минути“, изјави леворакиот бек Филип Николов.
