Штип, 02.06.2026
Општина Кочани ја заврши првата фаза од третирањето на комарци во кочанско. Прскањето е спроведено ноќеска како превентивна терестичка дезинсекција на подрачјето на општината, како општа противепидемиска мерка.
Со првата фаза од дезинсекцијата против комарци што ја реализираше стручна екипа на Центарот за јавно здравје – Скопје се опфатени 300 хектари на локации на подрачјето на градот Кочани и селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари.
Третирањето се изведе со водорастворлив широкоспектарен инсектицид за третирање на комарци одобрен од Бирото за лекови.
Против комарци имаат прскано и општините Штип, Виница и Карбинци, што значи дека од вкупно 11 општини во Источниот регион третирање против комарци имале само четири.
Подолго време општините од регионот не успеваат да се договорат за заеднички третман против здодевните инсекти кои знаат да пренесат и заразни болести. Трајче Здравков, директор на Советот за развој на Источниот плански регион ни изјави дека овие денови, на седница на Советот, пред градоначалниците ќе се најде темата за заедничко, регионално прскање во наредната 2027 година, а да ли ќе се се дојде до заедничко решение ќе покаже токму оваа најавена седница на Советот на ИПР.
