Роналдо Вебстер заминува од Шкендија и тој не е со екипата на стартот од подготовките откако фудбалерот од Јамајка го има известено клубот дека заминува и дека се активира клаузулата од 400.000 евра за неговата слобода. Тој е пред трансфер во Универзитатеа од Крајова, првакот на Романија каде Вебстер треба да биде големо засилување пред настапуте на овој клуб во квалификациските кола од Лигата на шампионите.
Вебстер беше еден од најдобрите ако не и најдобар фудбалер во шампионатот на Македонија со што во Шкендија сега се појави проблем на левата бековска позиција. Според најавите, „црвено-црните“ од Тетово веќе го нашле наследникот за репрезентативецот од Јамајка.
Пепе Фал од Струга Трим Љум треба во наредниве неколку часа да ја засили Шкендија и да му се приклучи на тимот на подготовките во Словенија. Фал имаше извонредни настапи за тимот од Струга по кои може да се констатира дека тој ќе биде достојна и добра замена за Вебстер во Шкендија.
Договорен дуел со Цеље
