„То Вима“: Пожарот во фабрика за пластика во Атина е сè уште активен

Голем пожар што избувна во вторник попладне во фабрика за производство на пластика во областа Вотаникос, на границата со Аегалео во западна Атина, сè уште е активен, според грчката противпожарна служба, при што пожарникарските екипи продолжуваат со напорите целосно да го стават под контрола, пренесува „То Вима“.

Утрово било забележано повторно разгорување во магацинскиот дел, па пожарникарите ги локализирале преостанатите жаришта и  спречиле понатамошно ширење на пожарот. Атмосферата во пошироката околина останува задушлива поради согорувањето на пластични материјали. Властите им препорачаа на жителите да избегнуваат непотребно излегување надвор и да ги држат прозорците затворени.

Се наведува дека дел од покривот на објектот се урнал вчера поради екстремно високите температури. Во моментот на уривањето, според ERT (Хеленската радиотелевизија, јавниот сервис на Грција), пожарникарите биле внатре во објектот обидувајќи се да го локализираат пожарот. Поради повторното разгорување и тековните противпожарни операции, сообраќајната полиција го стопираше движењето на возила на улицата Орфеос, од висината на улицата Агиас Анис, кон авенијата Кифису, во областа Аегалео.

Причините за пожарот засега остануваат непознати, додека прелиминарна истрага спроведуваат надлежните службеници на Грчката противпожарна служба.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press