Денес започнува Вимблдон, најпрестижниот тениски турнир во светот, кој ќе го привлече вниманието на сите спортски фанови во текот на следните две недели.
Лондонската трева повторно ќе биде сцена на епски битки, а во машка конкуренција главни фаворити за освојување на златниот пехар се Јаник Синер и најдобриот светски тенисер низ историјата, Новак Ѓоковиќ.
Синер сака да ја потврди својата доминација на тревната подлога, додека неуморниот Ѓоковиќ повторно брка рекорди и историја.
За нас посебно интересен ќе биде женскиот турнир, каде за првпат во историјата на македонскиот тенис ќе имаме и наша тенисерка. Лина Ѓорческа испиша историја минувајќи ги квалификациите и изборувајчи пласман во 1. коло. За тетовчанката премиерата ќе биде утре, кога во првите дневни дуели ја очекува пресметка со шестата носителка на Вимблдон, Анисимова од САД.
