УБАВА ВЕСТ: За два дена во кочанската болница родени седум бебиња

Кочани, 09.08.2026 

„Имаме една многу убава, многу позитивна вест. Во нашата болница, во последните два дена , по природен пат се родија седум бебиња. Четири од нив се ма[ки, а три женски“ изјави директорката на болницата Катерина Паниќ Мирчовска.

За Кочани, посебно по тешката несреќа во дискотеката Пулс, ова е ретко убава вест не само за овој град и неговите жители туку и за цела држава.

Бебињата и мајките се во добра општа зрдавествена состојба.

„Се надеваме дека ваквиот тренд ќе продолжи и понатаму и дека ќе имаме што повеќе породувања“, рече Паниќ Мировска, директорка на Општата болница Кочани.

Кога е збор за кочанската општа болница дополнително значаен фактор за унапредување на здравствените услуги е фактот што од оваа година во болницата работат тројца специјалисти по гинекологија и акушерство, што претставува важна поддршка за идните мајки и за развојот на гинеколошко-акушерското одделение.

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press