Денеска нè очекува сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а утринските температури ќе се движат од 12 до 21 степен.
Во текот на денот температурата ќе достигне од 33 до 39 степени, што значи дека и денеска продолжува периодот на многу топло време.
Според прогнозата, граѓаните треба да бидат внимателни при подолг престој на отворено, особено во најтоплиот дел од денот.
