Божиновска: Енергетската сигурност и регионалното поврзување се клучни за економскиот развој

Божиновска истакна дека самитот претставува значајна платформа за размена на идеи и дијалог меѓу регионалните лидери и меѓународните експерти, со цел зајакнување на регионалната соработка и креирање заеднички стратегии за идниот развој на регионот.

Годинашното издание на самитот е посветено на теми од особено значење за економската и енергетската стабилност, меѓу кои енергетската безбедност, прекуграничната инфраструктура и стратегиите за европски раст.

Настанот беше отворен со дискусија за надминување на структурните слабости со кои се соочува Европа, вклучително и предизвиците поврзани со продуктивноста и демографските промени. Меѓу високите гости беа претседателот на Еврогрупата, Киријакос Пиеракакис, и професорот од Универзитетот Оксфорд, Питер Франкопан.

Во рамки на претстојните панел-дискусии, Божиновска најави дека ќе ја презентира визијата за енергетската транзиција, одржливиот развој и обезбедувањето сигурно снабдување со енергија.

„Регионалното поврзување и зелениот преод се наш врвен приоритет за градење стабилна економија и подобра иднина за сите наши граѓани“, порача Божиновска.

Според министерката, токму зајакнувањето на регионалната енергетска соработка и развојот на прекуграничната инфраструктура се меѓу клучните предуслови за поголема стабилност, економски раст и долгорочна енергетска сигурност во Југоисточна Европа.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе