Вајц: Македонија има огромен потенцијал за природен туризам, треба да ги покажеме убавините пред светот

Последиците од климатските промени сè посилно се чувствуваат во Европа, а особено се погодени земјоделството, инфраструктурата и животната средина, оцени европратеникот и постојан известувач на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц.

Говорејќи на Втората сесија на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ – Северна Македонија, посветена на животната средина, Вајц посочи дека годинава Европската Унија се соочила со топлотни бранови, суши и големи шумски пожари.

Според него, дел од овие појави веќе не се ограничени на традиционално погодените региони, туку се забележуваат и во земји каде што претходно биле невообичаени.

Вајц оцени дека борбата против климатските промени мора да продолжи, но паралелно со намалувањето на емисиите потребно е општествата да се приспособат на условите кои веќе се менуваат.

Тој посочи дека во ЕУ годинава биле регистрирани околу 35.000 смртни случаи поврзани со влијанието на високите температури.

Како пример ја посочи Австрија, каде што екстремните температури влијаеле и врз железничкиот сообраќај.

„Ситуацијата ескалира и политичарите треба да бидат свесни дека треба да ги подготвиме општествата, градовите, земјоделството и сообраќајот“, рече Вајц.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе