Потпретседателот на Собранието и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, во дебатната емисија „Топ тема“ на телевизија Телма оцени дека Македонија е блокирана од Бугарија во процесот на евроинтеграциите.
Милошоски ги коментираше ставовите на заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, која оцени дека Македонија е блокирана од самата себе и од премиерот Христијан Мицкоски.
Според Милошоски, ваквата позиција се совпаѓа со тезата што ја застапува бугарската влада.
„Бугарија веројатно нема потреба од амбасадор во Скопје. Бидејќи заменик-претседателот на СДСМ со пубертетски жар ја застапува и ја промовира тезата на владата во Софија, а тоа е дека Македонија сама се блокирала во процесот на евроинтеграциите. Жално, но вистинито“, рече Милошоски.
Тој посочи дека според него, наместо одговорноста за застојот во евроинтегративниот процес да се адресира кон Бугарија, од СДСМ вината се префрла врз Македонија и актуелната влада.
Видеото може да го погледнете тука
…
