Вучиќ го призна поразот на вонредните избори во Србија, порача дека ќе покаже што значи да се биде опозиција
Српскиот претседател Александар Вучиќ призна пораз на вонредните парламентарни избори во Србија. Тој изјави дека Студентската листа освоила најмногу мандати на изборите, врз основа на стратифициран примерок.
„Немаме резултати, многумина ќе бидат изненадени, а вие ќе разберете колку некои лажеа. Врз основа на стратифицираниот примерок, јасно е дека ги загубивме овие избори“, рече Вучиќ, кој беше носител на листата на „Единствена Србија“.
„Студентската листа ќе има помеѓу 135 и 140 мандати“, рече Вучиќ, додека војводинските Унгарци освоија три мандати, а Албанците и СДА по еден.
Вонредните парламентарни избори денеска ги одбележа голема излезност. Право на глас имаа 6.451.292 гласачи, а изборите се одржуваа на 8.392 гласачки места, од кои 29 се во установи за извршување на институционални санкции и 93 во странство во 37 земји, каде што има 102.147 гласачи.
Студентската листа освоила над 2,2 милиони гласови, додека листата на „Единствена Србија“ околу 1,72 милиони гласови.
„Ние ќе имаме од 100 до 105 пратеници. Ќе се бориме и ќе им покажеме што значи да се биде опозиција“, изјави Вучиќ.
