Загадени водата, почвата и воздухот во Газа, еколошките злосторства ги загрозуваат и идните генерации

Уништувањето на Газа од страна на Израел остава разорно еколошко наследство загадена вода, контаминирана почва и токсичен воздух што ги загрозува системите за одржување на животот од кои зависи опстанокот на населението. Во извештајот на „Оксфам“ и „Опсерваторијата за конфликти и животна средина“ (Ceobs) се наведува дека израелскиот воен напад предизвикал широко распространета контаминација низ целиот Појас. Присуството на тешки метали, остатоци од експлозиви, азбест од уништените згради и отпадни води го прави воздухот, почвата и водата опасни за Палестинците во децениите што доаѓаат.

Амитаб Бехар, извршен директор на „Оксфам интернешнал“, изјави: „Тековниот геноцид на Израел во Газа вклучува и воени напади врз животната средина. Тоа се еколошки воени злосторства што го загрозуваат животот како сега, така и за идните генерации“.

Тој додаде дека уништувањето и контаминацијата на Газа суштински ги влошиле еколошките услови неопходни за безбедноста и опстанокот на луѓето, со што се прекршуваат правните обврски на Израел според меѓународното хуманитарно право и правото за човекови права.

„Палестинците што живеат во Газа се изложени на токсини преку воздухот, храната, водата, како и преку директен контакт со контаминирана почва и остатоци од урнатини. Овие ризици ќе продолжат да постојат со генерации, освен ако не се даде приоритет на чистењето, санацијата и закрепнувањето на животната средина.“
Во 2025 година, како и претходно истата година, независната меѓународна истражна комисија на ОН утврди дека Израел извршил геноцид во Газа и дека израелски функционери, вклучително и премиерот Бенјамин Нетанјаху, поттикнувале вакви дејствија. Израелската мисија во Женева соопшти дека Израел го отфрла наодите на комисијата, нарекувајќи ги клеветничка фарса. Нетанјаху, исто така, е баран од Меѓународниот кривичен суд (МКС) поради воени злосторства.

Извештајот на „Оксфам“ дава најсеопфатен приказ досега за она што организацијата го нарекува токсична пустелија, создадена како резултат на израелскиот напад. Во нападите се убиени повеќе од 74.000 Палестинци, а најмалку 175.000 се ранети; истовремено, илјадници луѓе се водат како исчезнати под урнатините.

Врз основа на сателитски снимки, далечинска детекција, научни анализи и други податоци од отворени извори, во извештајот се заклучува дека контаминацијата во Газа е широко распространета, тешка и со далекусежни последици, што претставува сериозна закана за јавното здравје и опстанокот на цивилното население. Бехар изјави: „Застрашувачки е да се почне со сфаќање на обемот на токсичната контаминација со која се соочува населението, кое не може ниту да избега, ниту соодветно да се заштити од опасностите. Во област која е толку мала, угнетена и густо населена како Газа, постојаната изложеност е неизбежна; луѓето се опкружени со отпад и отпадни води, што доведува до ширење на штетници и зголемен ризик од болести.

„Непречистени отпадни води се влеваат во морето и навлегуваат во почвата, додека уништувањето на санитарните системи во Газа ги остава луѓето речиси без никаква заштита од загадувањето што ги опкружува.“
Тој додаде дека здравствените последици ќе бидат сериозни, при што децата и бремените жени се изложени на најголем ризик.

Програмата на ОН за животна средина (UNEP) проценува дека воените операции на Израел создале повеќе од 61 милион тони градежен шут и отпад низ територијата, претворајќи ги уништените домови, населби и инфраструктура во Газа во огромен резервоар на потенцијално опасни материи.

Авторот на извештајот, Лама Абдул Самад, глобален специјалист за води и санитација во организацијата „Оксфам“, изјави дека справувањето со еколошката штета во Газа ќе биде исклучително тешко, бидејќи загадувањето е распространето низ урбаните урнатини, земјоделското земјиште, водоводните системи и почвата, додека неексплодираните убојни средства и понатаму го ограничуваат безбедниот пристап до повеќето области.
Во анализата се нагласува итната потреба Израел да овозможи пристап за спроведување детална проценка на животната средина на терен, со цел да се разјасни ризикот по јавното здравје и да се утврдат можности за итни мерки за намалување на штетите. Санацијата веројатно ќе бара опсежно расчистување, следење на состојбата и специјализирано отстранување на загадувачите од погодените области, како што се остатоци од експлозиви, органски загадувачки материи и тешки метали.“

Бехар истакна дека, додека меѓународното внимание сè повеќе се насочува кон реконструкцијата на Газа, еколошкото закрепнување не смее да се третира како споредно прашање, туку како витален потфат што треба да се одвива паралелно.

„Обновата на Газа без истовремено разбирање и решавање на проблемот со обемот на еколошката контаминација, носи ризик од долгорочни последици по јавното здравје за идните генерации“, рече тој.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе