Свети Николе, 14.12.2017
Студенти од Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ Свети Нколе-Битола, по повод претстојните новогодишни празници, учествуваа во креативна новогодишна работилница во Дневниот центар за лица со посебни потреби – Свети Николе.
Студентите и децата од Дневниот центар подготвија рачно изработени новогодишни честитки и декорации.
Со изработените декорации корисниците ќе се претстават на Новогодишен фестивал и базар во Св. Николе.