Ученик пукал во средно училиште во Крагуевац, повредени две лица

Во Првото техничко училиште во Крагуевац, ученик влегол со малокалибарско оружје и ранил двајца помошни работници. Напаѓачот кој е ученик на тоа училиште е уапсен, а во инцидентото нема повредени ученици. Како што пишува српскиот медиум Н1, тој влегол во училиштето околу 8 часот утрово, додека наставата била во тек.

Полицијата подоцна објави дека уапсениот е 17-годишен ученик на Првото техничко училиште во Крагуевац кој е под сомнение дека утрово ранил едно лице, веројатно со огнено оружје. Уште едно лице е повредено во инцидентот, како последица на скршено стакло, додаде МВР.

Полициската администрација во Крагуевац била известена околу 8 часот утрово дека во Првото техничко училиште во Крагуевац се случил инцидент во кој се повредени две лица, помошни работници. Полицијата го совладала и уапсила седумнаесетгодишен ученик од ова училиште, за кој постои сомневање дека употребил пушка од мал калибар во училишната сала.

Полициските сили се на терен и интензивно работат на утврдување на сите факти и околности за овој настан, информираат од полицијата.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе