Штип, 10.01.2018
Најдоброто можно решение за сообракајниот метеж во централното градско подрачје од двете страни на реката Отиња е изградба на конзолни тротоари над речното корито, паркинг местата да се лоцираат на сегашната тротоарна површина, а двете коловозни ленти да бидат ослободени за возење. Ова е предлог на ЈП Стипион и градоначалникот (архитект по професија) Благој Бочварски изнесен на денешната јавна дебата на тема: какво сообраќајно решение во центарт на Штип, односно по улиците „Васил Главинов“ и „Михајло Апостолски“.
Покрај сообраќајни стручњаци, експерти по сообракај од Секретаријатот за внатрешни работи, претставници на ЈП Стипион, на навладини организации, жители на урбаните заедници засегнати од овој пробле, од УГД, во дебатата учествуваше и проф.д-р Верица Данчевска од Отсекот за собраќај и транспорт при Битолскиот универзитет.
Проф. Трајчева оцени дека е за почит напорот на општина Штип за креирање квалитетни и конкретни сообраќајни решенија, но забележа дека тоа само по себе не е доволно. –„Исто така од особена важност е и градењето и одржувањето на сообраќајна култура кај сите учесници во сообраќајот зашто сообраќајот претставува динамичен процес за кој не постои константна солуција со која апсолутно сите би биле задоволни, но со правилно организирање и јасна цел возможно е да се дојде до решение на проблемите“, потенцира Трајчева.
Крајниот резултат од спроведувањето на ова решение би бил зголемување на бројот на паркинг места, но и растоварување на сообраќајните линии до најважните институции и организации во центарот на градот.