Свети Николе, 17.02.2018
Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ и Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија денес заеднички организираа прослава на рускиот празник Масленица (руска Прочка).
Во големиот амфитеатар на Славјански во Свети Николе посетителите уживаа во настапот на рускиот вокален ансамбл „Чајка“, а беше прикажана и секвенца од филмот „Севилскиот берберин“ во режија на славниот Никита Михалов во кој се третира и овој обпосебен шарм и дадоа и три наши млади оперски надежи. Масленица претставува испраќање на зимата и дочек на пролетта. Тоа е еден од највеселите руски празници!
Еден од највпечатливите обичаи претставува палењето на сламената кукла, која ја симболизира старата година и сите неубави работи што се случиле. Се верува дека со палењето на куклата се ослободуваме од сите неубави работи. Денес имаше и мал пролетен базар на ракотворби, а изложувачи на базарот беа вештите членки на Артељ, здружение на рускојазични жени – ракотворки во Македонија!
За Масленица традиционално се подготвуваат и топли палачинки. По завршување на манифестацијата палачинките беа послужени во ресторанот „Златна Москва“. Влезот беше слободен за сите заинтересирани граѓани.
Со неколку фотографии ви ги долувавме убавите настани од овој празник на рускиот народ.