Афористичката репрезентација на Македонија по шести пат „игра“ во Кочани

Кочани, 17.03.2018

29745232_1914714545269476_1334734338_nВо петок, во 19 часот, на катот (повисоко ниво од тоа нема) во НУ Дом на културата „Бели мугри“ во Кочани афористичката репрезентација на Македонија, во формација на Здружение на граѓани, ја „игра“ својата шеста по ред „утакмица“.

Пред кочанската публика која секоја година во ова време громогласно им се смее на играчите, со најнови афоризми (свои, туѓи не сакаат зашто не знаат да крадат, немат политичко искуство) Афористичката репрезентација ќе настапи во следниот состав:

Витомир Долински од далечната Струга, скопското трио  Васил Толевски, Љупчо Сиљановски, Марјан Анѓеловски, велешанецот Атанас Крлевски, струмчаните Ристо Филчески и Ацо Ѓорѓиев, домашните  (кочански) ѕвезди Ружа Стојмилова и Јане Атанасов и во нападот Миле Ѓорѓиоски, кичевчанец кој е на привремено доживотна работа во Делчево.

Жири комисијата предвреме си ја заврши работата па на конкурсот  на тема „Војна и мир„ ги награди мирољупците по следниов редослед:

Прва награда: Ристо Филчевски

Втора награда: Миле Ѓорѓијоски

Трета награда: Марјан Анѓеловски

Пофалници ќе си добијат Љупчо Сиљановски,  Ацо Ѓорѓиев и Јане Атанасов, а специјално е пофален Ванчо Арсов.

Во Кочани ништо не минува без добра музика, а главните музички фаци се Атанас Ѓорѓиев и Санде Наумов. Бидејќи кај нас ништо не бива ниту без спонзори тука се да помогнат општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево.

Афористичката репрезентација ќе може да се гледа и слуша бесплатно, а на оваа весела утакмица сте поканети сите.

(ив.бој.)

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе