Свети Николе, 08.04.2018
Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ денес, по деветти пат, за големиот христијански празник Велигден организираше натпревар во кршење ноеви јајца.
Петнаесеттина дечиња од Свети Николе и на вработени во амбасадата на Руската Федерација во нашата држава, во придружба на своите родители, во нежните детски раце држеа ноеви јајца чија просечна тежина а 1,1 килограм. Во исклучително весела аттмосфера дечињата успешно си ја извршија својата задача, а на крајот најцврсто се покажа јајцето во рацете на браќата Димитар и Даријан Дечкови од Свети Николе на кои организаторот им подари пехар. Второ и третопласираните добија сертификати. Сертификати со кои им се потврдува учеството на овој единствен ваков натпревар во светот добија и сите учесници.
На крајот уметничката Лена Ѓуриќ, во својство на претседател на жирито, за победници ги објави браќата Даријан и Димитар Дечкови од Свети Николе.
Донесуваме повеќе фотографии од настанот кој им донесе многу радост на децата кои учествуваа во натпреварот.