Штип, 22.05.2018
Јавен полнач за автомобили на електричен погон добива и Штип, градо-центар на источниот регион. Тоа е инвестиција на ЕВН Македонија.
„Полначот во договор со локалната самоуправа го лоциравме пред Домот на културата каде има место за паркирање на возила и каде постојано празни ќе стојат две места за електромобили кои ќе имаат потреба да ги наполнат своите акумулатори“, ни изјави м-р Стојан Марков, раководител на КЕЦ Штип.
Во Штип според една проценка има 6-7 автомобили на електричен погон. Полнењето на ваквите возила ќе биде бесплатно. Според Марков, се очекува полначот да стартува од идниот месец, време до кое од странство е договорено да пристигне полначот.
Прв град во регионот кој има ваков полнач е Кочани, а во него полначот се наоѓа пред зградата на општината.