Новинарите од истокот ќе му помагаат на регионот во стратешките прашања

Берово, 09.06.2018

Работната група при регионалниот центар на новинари „Исток“ кој делува во рамките на ЗНМ, на денешниот работен состанок на Аурора и спа ресорт во Берово, изгради повеќе предлози во однос на своите наредни активности кои ќе се најдат пред членовите на овој центар.

03Со работната група раководеше Тони Михаилов, координатор на регионалниот центар „Исток“. Една од задачите во идниот период ќе биде посета на сите градови и редакции и разговори со новинарите-членови на ЗНМ во однос на нивната (не)активност во професионалното здружение. Ќе се изготви список на сите активни но и на пасивните новинари во регионот кои имаат право и можност да бидат членови на ЗНМ.

Една од активностите која се предлага e регионалниот центар „Исток“ да застане зад јубилеите на новинарите и да помогне во издавачката дејност на книги посевтени на оваа тешка но благородна професија, книги кои ќе бидат напишани од искусни новинари со подолг стаж во професијата.

Даден е и предлог да се детектира денот во кој излегол првиот медиум во регионот, тој ден да се прогласи за Ден на новинарите од источниот регион и на истиот новинарите да ја организараат својата „Новинарска вечер“ на која да се доделуваат новинарски награди и признанија за најдобри медиумски остварувања.

01

Пред заминување од Берово групна слика со најдобриот готвач на истокот – во преубавата и неповторлива Аурора на Беровско езеро

Посебен интерес предизвика предлогот новинарите да му помогнат на источниот регион преку организирање дебати по важни регионални прашања. Дебати ќе се организираат во разни градови и на нив ќе бидат поканети да учествуваат релевантни државни и општинаи фактори. Првата дебата е планирано да се оддржи во Пробиштип на тема „(Не)искористеноста на регионалниот водоснабдителен хидроситем Злетовица за кој се потрошени близу 100 милиони долари, а ефектите и по многу години се далеку од посакуваните“.

Вакви дебати ќе има и во Кочани,Штип и Берово-Делчево…

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе