Штип, 02.07.2018
Штипскиот градоначалник Благој Бочварски денес имаше средба со шестмина студенти од универзитетот „Кирил и Методиј“ во Велико Трново. Студентите од соседна Бугарија во рамките на програмата Еразмус, во наредните два месеци ќе претстојуваат во општина Штип.
Овој настан е резултат на добрата соработка помеѓу Совет на Млади на Општина Штип и Студентскиот Совет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Велико Трново. На овој состанок присуствуваа и Претседателката на Совет на Млади во Општина Штип, Викторија Кукушев, директорот на Дом на Млади, Горан Трајков и директорката на Центар за социјални работи Штип, Сузана Цветкова.
Четири од студентите ќе бидат ангажирани во Дом на млади, а двајца во Центарот за социјални работи.
Градоначалникот Благој Бочварски на студентите им посака топло добредојде и убав престој во општина Штип.