На 106 годинишнината од раѓањето: “Спомен соба” и Спомен обележје на родната куќа од бардот на македонската литература зза деца и млади, Ванчо Николески
Охрид-7. јули
– Со поетско – музички хепенинг, денеска, во селото Црвена Вода, во историската Дебрца, завршува овогодинешната, традиционална, книжевната манифестација, „Струшки книжевни средби – 2018“.
Денешните случувања во Црвена Вода се посветенеи на бардот на македонската литература за деца и младинци, писателот и поет Ванчо Николески. Настанот го организираат мештаните од селото, по повод роденденот на Николекси 10 јуни 1912 година, а живееше до 15 април 1980 година.
Ванчо Николески се смета за родоначалник на поезијата за деца, ненадминат и препоззнатлив по ненаметливите ритам и рима.Зад него стојат повеќе од триесет наслови – збирки на песни, поеми, романи. “Волшебното самарече” е само еден од нив.
Во спомен на својот славен соселанец, мештаните подготвија “Спомен соба на Ванчо Николекси” во училишната зграда каде завршил основно образование, како и табла-Спомен обележје на родната куќа.
Присутните на настанот ќе ги позздрави градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески, додека споменичното обележје ќе го откријат претседателот на Собранието на ДПМ, професор д-р Христо Петрески и поетот, член на Светската академија на поеззијата при УНЕСКО, Мајо Даниловиќ, кој истовремено го води Одделот за Балкан и словенскиот свет при Академијата, со седиште во Верона, Италија.
Во Црвена Вода, учесниците и присутните гости, ќе имаат можност да го погледаат ИЗБОРОТ од вредните дела на реномирани ликовни уметници–учесници на Ликовната колонија “Дебрца”, мегу кои: Јордан Манасиески, Ѓоко Целески, Васко Ташковски, Јоне Симонче, Вангел Наумоски, Сергеј Андреески, Мето Георгиевски, Петар Мазев и многу други–нагласи Митаноски.
На самото место, на мини ”Ликовната колонија”, свои ликовни дела ќе создава познатото уметничко и брачно дуо: Емилија и Стојче Тоциновски од Скопје, единствени, како такви, на Балканот.
Поетите ќе читаат песни од своето творештво. Македонските и српските автори се членови на здружението „Бран“ од Струга и „Седумка“ од Франкфурт на Мајна – Германија, додека од Хрватска,се членови на “ХKД” од Задар и “Ритам мисли” од Вараждин.
Хрватските автори во Македонија доагаат во соорганизација на невладината асоцијација, “Хрватско-македонската Тагента”, а ќе ги позздрави членот на Тангентата амбасадорот Љупчо Арсовски, кој и ќе ги поздрави.
Претходно, учесниците на „Струшките книжевни средби – 2018“, ќе одат во селото Белчишта, каде домаќин ќе им биде, градоначалникот Зоран Ногачески.
Покрај приемот, за учесниците е планирано разгледување на Ликовната галерија во село Белчишта, како и презентација на природниот резерват “Сини Вирој”.
Годинава на Книжевната манифестација „Струшки книжевни средби–2018“, има учесници од Македопнија, Србија, Хрватска, Албанија, Русија, Германија и Словенија.