ВЕВЧАНИ: На Јордан Ѓорчев и Никола Шимиќ-Тонин врачено признанието „Струшко слово“

Вевчани, 06.07.2018

Во прекрасен амбиен на Вевчанските извори се одржа голем поетски хепенинг со учество на дваесеттина поети од повеќе држави од поранешна Југославија – Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Бих и од Албанија. Преубавиот настан беше во рамките на книжевната манифестација „Струшки поетски средби – 2018“ која во Струга, Охрид, Вевчани и Дебрца се одржува од 5-7 овој месец.

12 Во Вевчани домаќин на сите книжевни настани беа локалната самоуправа и градоначалникот Сашо Јанкоски. Мишо Китановски, еден од најпознатите вевчани и македонски новинари, на учесниците во поетскиот хепенинг и на гостите кои дојда да го следат настанот им посака топло добредојде. –„Со своето присуство, со својата преубава поезија го доразубавивте овој и она прекрасен простор. Од денес и Вие сте Вевчанци, и ќе ве очекуваме во сите идни години“, им порача Китановски на поетите. Настанот го водеа Мишо Китановски, новинар и Петре Шипинкаровски, културен деец.

Југославија во мало читаше прекрасна поезија на Вевчанските извор. Поети од Македонија, Србија, Словенија, Хрватска, БИХ и од Албанија читаа поезија која ги разнежи срцата на бројната публика дојдена да слуша поезија на Вевчанските извори. Поетесата Сузана Мицева  од Струмица доби признание за поетска.

Потоа се редеа бисер поетски творби од учесниците за што секој од нив добиваше громогласен аплауз. Средбите продолжија во црквата „Свети Никола“ каде на проф. Д-р Јордан Ѓорчев од Македонија и на Никола Шимиќ Тонин од Задар, Хрватска им беше врачено признанието „Струшко слово“. Промотор за делото на Ѓорчев беше познатиот македонски писател проф.д-р Христо Петреси, а за делото на Шимиќ Тонин зборуваше Петре Шипинкаровски.

Во овој амбиент беше промовирана и книгата „Молитвеник од претходниот живот“ на струмичкатра поетеса Сузана Мицева. Промотор на најновото поетско дело на Мицева, која по професија е  новинар, беше Петрески.

Преубавите Вевчански настани во рамките на спомнатата манифестација завршија со книжевно-музички перформанс на словенеките уметници Мојца и Питер  Андреј кој се одржа синоќа во „Пупиновата куќа“. Перформансот беше под наслов „Под вевчанското ведро небо“.

14 13 10

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе