ШТИП: Уметникот НАНЧЕ на 90 години изложи 60 свои дела

Штип, 05.10.2018

Точно 60 уметнички слики во сликарската техника акварел изложи денес познатиот штипјанец, доктор на науки од областа на физичката култура и сликар-уметник Стојан Трниниќ-Нанче. Изложбата е поставена во уметничката галерија Безистен во неговиот роден Штип.

43128042_2033835023346079_476312495896657920_n

  Нанче со синот и снаата

Првата посебноста на уметничкиот настан на кој дојде бројна, убава публика е во тоа што Нанче има 90 години. Втората посебност е во фактот дека нему, пред пет-шест години му изгоре куќата среде Штип, а со неа во пепел отидоа над 200 негови слики. Но професорот и уметник не се предаде, не падна духовно, туку се фрли на создавање нови слики во рамките на неговата уменичка визија на Штип, неговата архитектура и на природата околу градот.

43142962_300169230573570_4378367121277583360_n

Нанче и Читкушев

За уметноста на Нанче зборуваше Зоран Читкушев од штипскиот музеј. Потоа се обрати и уметникот. Тој во 15 минутно обраќање, со неверојатна свежина, зборуваше за Штип од неговата младост, за неговиот уметнички пат започнат во гимназиските денови со познатиот уметник Љубомир Донски, за посветеноста на акварелот.

43150043_187675045375997_7315318844078161920_n (2)„Присуствуваме на еден неверојатен настан, на талентот, упорноста, дарбата и посветеноста на уметноста на личност која ни понуди уметност и сеќавања какви што ретко се среќаваат кај нас. Нанче си ги заслужи сите бурни аплаузи од присутната публика, а се што можам да кажам по повод овој преубав настан е да му посакам да дочека и на 100 годишна возраст да изложува во неговиот и наш Штип“, рече Лиљана Атанаскова.

Во изложените 60 уметнички дела Нанче го слика Штип со сите негови посебности. Од преубавата стара архитектура, преку тесните улици, цвеќето насекаде околу градот, природата со синото небо и облаците како бисерен гердан на него…

РАРИТЕТ

Нанче има 90 години, пред некоја година му изгоре куќата, а со неа во пепел отидоа над 200 негови слики, но тој не се откажа, не падна со духот, и за ова време наслика нови 60 слики кои вечерва ги претстави пред публиката во галеријата Безистен во Штип.

„Многу сум ви благодарен што ми дојдовте на мојата изложба. Изненаден сум од бројната посета на отворањето, сега гледам колку добри и искрени пријатели сум стекнал во животот. Во физичката култура насочив многу млади, во сликарството се пронајдов себе во слободните моменти од мојот живот. Штип ми е сé ако некогаш одново се родам сакам тоа пак да биде во овој посебен град“, рече Нанче.

43173557_460189321155013_9001782854304137216_nНа изложбата беа и неговиот син кој има 64 години и неговата снаа. Живеат во Скопје.

Изложбата е отворена до 15 овој месец, а ние најтопло ја препорачуваме зашто на неа има што да се види од уметност.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе