„Селанчето од Муртино“ ќе им ја растури и партијата
Откако ги растури дома, а потоа и на европската и светска политичка сцена со единствената опција за убава иднина на нашата држава, Зоран Заев, со својата политика и со своите бројни поддржувачи во коалицијата и меѓу народот, е на пат целосно да ја растури и партијата ВМРО ДПМНЕ ваква каква што денес ја знаеме.
Ќе биде тоа голем удар не само за Мицковски и сé помалуборјните вмровски членови кои стојат зад него и неговата исчашена политика, туку и за сите оние кои, откако Заев се појави во високата државна политика, иронично започна да го нарекуваат „Зајко“ и (или) „Селанчето од Муртино“.
И ете, токму тоа „Селанче од Муртино“ го тргна од власт „Градското дете“ Никола Груевски за кого вмровци тврдеа дека заедно со нив ќе бил на власт додека е жив, или најмалку 100 години. Токму „Селанчето од Муртино“ на недопирливиот Груевски храбро му ги турна под нос „бомбите“ и со нив му ја разголи неговата ненародна, грабежлива, клептоманска природа. По тој храбар чин на „Селанчето од Муртино“ судовите немаа друго чаре освен „Градското дете“ Груевски да го катапултираат во Идризово каде, кај и да е, ќе му се придружат и некои од неговото партиско опкружување.
Токму тоа „Селанче од Муртино“ за првпат во Македонија ја доведе целата светска политичка елита, онаа која го уредува светот, за заедно да решиме спор со Грција кој трае близу 30 години и со тоа од нашата држава да создат сигурно, безбедно и економски просперитетно место. Нешто што на Груевски и Мицковски, а и на ВМРО ДПМНЕ никогаш не му било во мислите.
Но, тука не е крајот. Токму „Селанчето од Муртино“ од пред носот на Мицковски му ги зеде осумте пратеници, кои си рекоа дека нивните животи им се поважни од дружбата со Мицко и со малубројната сопартијска братија која како негова екипа сеуште е во врвот на ВМРО ДПМНЕ.
По таа катаклизма, по тоа цунами која „Селанчето од Муртино“ со име и презиме Зоран Заев и со функција премиер на нашата Македонија им ја предизвика на вмровци, бројни поранешни, а и актуелни членови на Партијата се ослободија од стегите на Мицковски (читај: Груевски) и го искажаа својот став. А тоа е дека ваква бедна, и кон државата неодговорна, иако голема партија, на Македонија не и е потребна. Се јавија опозиционери, сегашни и поранешни, кои јавно кажуваат дека тие ќе ја превземат партијата од клептократите, ќе ја модернизираат, ќе ја европеизираат и еден убав ден ќе ја донесат на власт во нашата држава. Тој драгоцен импулс на најавеното ресетирање на ВМРО ДПМНЕ, според реформаторите, ќе биде многу поизразен во деновите кои се пред нас, а него никој и ништо не може да го запре.
Не знам што во меѓувреме се случи со лицата кои на фб профилите Зоран Заев го нарекуваа „Селанчето од Муртино“ и (или) „Зајко“. Некако како да ги снема. Занемеа, се повлекоа во илегала. Веројатно и тие гледат дека партијата-нивна миленичка и политките кои таа ги имаше, а тие ја подржуваа, нема иднина.
За мене и тоа е уште едно признание за начинот на кој „Селанчето од Муртино“ ја води оваа држава кон уредените и цивилизирани општества на земјината топка.