Штип, 27.10.2018
Денес во Белград, на Белградскиот саем на книгата, еден од најголемите во Европа, ќе биде промовирана книгата балкански афоризми „Трагачи по парадокси“. Промоцијата е закажана за 13 часот. Вечерта, во 19,30 часот, промоција на оваа книга ќе има и во Темишвар, Романија.
Балканската промоција оваа несекојдневно издание од сферата на афористиката ја имаше во Виница, на штотуку завршениот Фестивал на хумор и сатира Ин Виница Веритас. За вредностите на книгата зборуваше афористичарот Миле Ѓоргијоски.
Во книгата се собрани над 2000 афоризми од најплодните афористичари од Македонија, Србија, БИХ, Бугарија, Романија и Црна Гора. Се работи за автори кои сите заедно имаат издадено повеќе од двеста книги и се носители на врвни светски награди од областа на хуморот и сатирата .
Во Виница, на Ин Виница Веритас, публиката перфектно се забавуваше со афоризмите на еден дел од македонските афористичари, а учесните во Белград и Темишвар, заедно со свои колеги од Србија и Романија, ветуваат убав настан и во овие градови.