Софија кивна – Скопје во пневмонија !?

Охрид, 01.11.2018

Или: Реални сказни од реалниот живот: Многу “ситни души” поминале по малверзациската лента  и фабрикацијата на “благонадежни Б,алгари”

Бугарските власти водат интензивна истрага за големи малверзации на државни службеници кои продавале потврди за бугарско потекло на државјани од земји што се надвор од Европската Унија, а врз основа на што добивале бугарски пасоши и државјанства.

За некој што сега паднал од Марс, ова би било вест на денот, дури поголемаа од онаа за оставката на Даниела Рангелова, меѓутоа, за познавачите, дури и за обичната јавност, беше “јавна тајна” дека, до вчера, ова беше официјална државна политика:Бугарија годишно, во просек, издава околу 10.000 бугарски документи на странци.

Е сега, дека некој се омрсил дебело од таа политика-се омрсил. Мегутоа, Службата што ги издава потврдите, односно службениците (шефот на државната Служба за Бугарите во странство), се блиски, или членови на националистичките партии што сега се во владејачката коалиција на конзервативниот премиер Бојко Борисов.

Службениците се осомничени за корупција, злоупотреба на службената положба и фалсификување документи. Тие издавале потврди за бугарско потекло на странците кои ќе докажат дека барем еден од нивните предци бил или е Бугарин.

“Јавна тајна” е и тоа дека најмногу кандидати за “продукција на новопечени благонадежни Б,алгари” имаше и има од нашата мила Македонија, што би рекол Заев. Секако и од неговата Струмица, додека, пак, мојот Охрид, беше еден од центрите, столбовите, ако не и стожерниот, во оваа “фабрика за човечки души!”.

Настрана шегата и мајтапењето, во оваа “направија”, влегоа и многу чесни човечки души, или економски баратели, за што знаеше и официјална Софија, ама така и чинеше.Можеби некој не, ама јас редовно ја забележував госпоѓа Јотова, официјално, потпретседател на Република Бугарија, на патот за “балгарските вилаети”: Пустец и Голо Брдо во Албанија.Таму, етничките Македонци, ги преобразуваше во Балгари! Како што не ми промакнуваше и бај Каракачанов, лидерот на  ВМРО БНД, актуелен потпретседател на Владата и министер за одбрана.

Но, ако имам разбирачка за сиромашните граѓани (а тоа е вина на нашата држава!), како да имам за оние кои го гостеа Каракачанов во хотелите и меаните среде Охрид? Сопственици на многу доходовни фирми!.Да, парите немаат политичка боја и национална нитка, особено за докажаните арамии.Сеедно, дали од бизнисот,или од политиката.

Парите немаат политичка боја и национална нитка, особено за докажаните арамии

Та, нели, “уважаеми” господин – пратеник Пишев, се “попиша!” како Македонец и стана Б,алгарин! Белким не од економски зорзаман? Тој е богат човек. Или, да речеме, “госпожа” Силвана Бонева, која  побара “балгарско гражданство”, а потоа замоли да ја повлечеме апликацијата!”, ми тврди лично, пријателот, со професија –  “посредник за балгарско гражданство”. Тој тврди дека во Бугарија на Македонци се издадени 110.000 пасоши, дека само тој обезбедил 11.000, а дека на “листата на чекање” се уште 53.000 баратели. Не се крие, но ете, засега,ќе ги користам, само иницијалите – В.Ј.

Љубчо (со Б) Георгиевски, на времето сведочеше дека половината од Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, се “притаени Бугари,со балгарско чувство”. Самиот тој има бугарски пасош и фирми во Бугарија. Во политиката влезе   “гол до кожа” , во власта – со позајменото палто од Борис Змејкоски, а од од премиерскиот кабинет, излезе како “просечно богат Македонец” (бизнисмен)!?

Силвана Бонева, е исто така, една од  “силните вмровски патриотки” од најтесното партиско раководство, кои побарале, или добиле “балгарско гражданство”, лично ми сведочи охриѓанецот – сега натурализиран софијанец.Вели дека такви “професионалци” низ македонските градови се рашетуваа барем педесетина, додека себе си се сместува на самиот врв, како доаен и по време и според, како што вели, “излезени” пасоши!

-Јас сум најстариот, со повеќе од 25 години искуство, од 1999 година наваму,  во оваа професија, но и најакиот – најпродуктивниот. До 2000-та година посредував само за грагани од Република Македонија, а потоа и од Република Албанија. Тоа се такавиканите Торбеши од Голо Брдо, односно “балгарски муслимани”, како “балгарите мухамедини”, односно Помаците – вели моето пријателче, од нашето “Црногорско село”(приградска населба на Охрид).

Тврди дека вкупниот број на “ислезените”, издадените од “Советот за балгарско гражданство” при Министреството за правда (тело од 15 функционери од разни министерства и владини институции), сега изнесува 110.000, но, и дека на “листата на чекање” ги има  уште 53.000 баратели.

 Јотова, “кочничар” – Каракачанов,  “олеснувач“ на процесот на бугаризацијата!?

Соговорникот ми вели дека процесот го закочила потпретседателка на Бугарија, Илијана Јотова (не сум сигурен во тоа!), а од друга страна, пак, најзаслужен, кој го “олеснува” процесот,  бил лидерот на тамошната ВМРО,  Каракачанов, “кој има многу пријатели во Македонија, кој престојува и летува во Македонија”. Го наведува хотелот “Лихнидос” во центарот на Охрид, а наведува и македонски бизнисмени кои од него на “баци рака” добиле пасоши за целото семејство!? За него, Каракачанов е еден од највилијателните политичари во Бугарија, кој во моментов е човекот со три ресори: Потпретседател на Владата, министер за одбрана и министер за национална сигурност.

За Каракачанов, не треба два пати да ми се каже, ама  не сум сигурен за “госпожа” Јотова. Tаа, виа “красивиот Охрид“ отиде во Албанија да “произведува” Бугари,токму во времето на затоплувањето на македонско-бугарските односи!? Беше во горанското село Шиштевец, општина Кукс во Северо-источна Албанија каде живеат само Македонци. За Јотова, веројатно и за бугарската официјална политика, тие се Бугари. Им донесе училишни подароци и книги, а Бугарија за нив “ќе отвора училишта”.

 Таму беше “много щастлива” (среќна) кога го слуша “български език, който го говорат днес!”. Нека продолжат така, “бугарскиот јазик ќе се изучува и во училиштата!”.Етничките Македонци во Албанија,потврдија дека  таму “навистина има Бугари , но само во нивното дипломатско претставништво во Тирана!”(Македонското друштво “Илинден“).Ја повикаа Владата во Тирана да се откаже од отворање училишта на бугарски јазик за Македонците во областа Гора бидејќи тоа “претставува геноцид врз Македонците во Албанија и врз Македонскиот народ во целина”.

Етничките Македонци протестираат – македонските институции молчат!?

Реагираше и Партијата Македонска алијанса за европската интеграција (МАЕИ) како единствена македонска партија што ги застапува интересите на македонскиот народ во Албанија: “Длабоко сме огорчени и протестираме поради вклучување и на бугарското малцинство во законот, по заканите на Бугарија дека ќе стави вето за членство на Албанија во Европската Унија. Признавањето на непостоечко бугарското малцинство во областите Преспа, Голо Брдо и Гора кои се населени со  Македонци го сметаме за сериозно кршење на меѓународното право, Универзалната декларација за човековите права и слободи, геноцид врз македонскиот народ и злосторство против човештвото” (Васил Стерјовски, генералeн секретар).

И од МАЕИ и од “Илинден”,  Македонците побараа помош од албанската влада, но изразија и  чудење за тоа што молчaт нашето МНР, властите, медиумите ( бугарските обилно известуваа за посетата), а од Бугарија побараа да престане македонското малцинство да го именува како Бугари. Упатија повик и до Владата во Република Македонија да демонстрира силна грижа за унапредувањето на положбата и правата на Македонците во Албанија, и да не дозволи отварање на бугарски училишта за Македонците во Албанија.

Медиумите во Албанија, со внимание ја проследија посетата на Јотова во Шиштевац. Скоро сите, најдоа за потребно да појаснат: “Шиштевац е регион со бугарско малцинство, а истото го тврди и Македонија”.

Силвето Бонево, е една од барателите на “балгарско гражданство”!?

Бившиот комшија, В.Ј, сака да биде објективен. Вели, станувало збор, за претежно таканаречени “економски баратели”, за кои бугарскиот пасош е единствената можност, како занаетчии, или слично, да појдат во Европа, да запечалат пари за своите семејства, да подигнат куќи овде во Македонија. Со бугарскиот пасош тие можат да заминат слободно во Австралија, Америка, на британското острово, вели моето пријателче. Но, ги имало и такви кои покажуваат “барем минимално бугарско чувство и определба”, некои носат изводи на родени пред 1942 година, некои носат и ордени, за да ги потврдат бугарските корени.

-Ако не бевме ние, ако не беше Каракачанов, пред портите на бившата владата на Груевски ќе имаше уште 50 илјади невработени, незадоволни граѓани. Антонио Милошоски и групата околу него, се последните кои можат да се “чататалат” со анти-бугарство. Тие доаѓаа на гробот на Тодор Александров, тие спиеа во зградата на ВМРО – БНД на Красимир Каракачанов, за да заштедат некое евро –ми прикажува В.Ј.

Тој е личен сведок дека и Силвето Бонево, е една од барателите на “балгарско гражданство”:”Во еден момент,  од нејзини причини, пред да и биде доделено, мене лично ме замоли да ги повлечеме документите. Тоа го сторивме со еден нивни партиски координатор!”.Тврди дека и Љубчо Георгиевски, не може да бега од фактот дека е “балгарски гражданин”, но дека тој пасошот не го добил преку “посредниците”, затоа што имал “посредник” од повисок ранг. Според негови сознанија тоа бил Кирил Пендев (директор на “Балканска банка” во Скопје, кога Груевски беше министер за финасии!).

Моето пријателче, В.ЈК, денеска во Софија е угледен бизнисмен, кој отворил фирма-Канцеларија за преведување од македонски и руски, со петмина вработени. Цели 15 години бил потстанар во зградата на ВНРО БНД, сега има сопствени простории, станови во Софија, куќа во Охрид, глисер кој му го чуваат македонските “армејци” од Центарот за обука на вода во Охрид. Има неколку возила, се шегува: “Јас сум средно богат бизнисмен!”.

Филип Петровски земал пасоши “за мајка си и башта си!”, а Јордан Мијалков подарувал шах-табли, рачно изработени, во резба, “од бугарските затвореници во Идризово”!?

Последниот попис на кој Македонците можеле слободно да се изјаснат спроведен во 1956 год. покажа 187 000 Македонци во бугарската држава. Од тогаш државата при секој попис прави секакви можни манипулации и притисоци да ја намали бројката. Во 1992 година ја направи-симна на 10.803, во 2001 – на 5. 071, а во 2011 година на само – 1600. Дури, да се само и толку, значи постојат. Сепак државата официјално со сите свои институции тоа го негира – почнувајќи од парламентот во 1990 година,  до Уставниот суд во 2000.

Комшијата В.Ј, не крие дека одработувал за бугарската кауза, со присуството на прославите на спомен обележјето на Мара Бунева, на кејкот на Вардар, со присуство во Смилево, на панахиди за Владо Черноземски – атентаторот на српскиот крал во Марсеј. Можеби, поради тоа, во Софија постанал академски “гражданин”, дипломирал мегународни односи на универзитетот “Свети Климент Охридски”. Се оженил за Русинка од Украина, има две деца – од 11 и 9 години, едното се школува во руската амбасада, другото во приватно училиште.

В.Ј денес е угледен жител на “столицата”. Едно, друго, мое пријателче од Софија, колегата (само како новинар, по другите “вопроси” се оградувам!), сопственикот на “Фокус” – империјата, Красимир Узунов, вели дека Денешните антибългари” од Скопје спиеле на таванот на ВМРО во Софија, за да штедат пари!? Та не може Петровски да доаѓа, да зема пасоши за мајка си и татка си и да пишува секакви теорија за Бугарија! Се чуди Узунов. Вели дека “чудесии!” како Петровски во Скопје има “на лопата да ги црпеш!: “Не може Милошоски, да седнува и да зборува против Бугарија и против договорот, колку било лошо, како тој, заедно со Ангел Джамбазки, одеа заедно на гробот на Тодор Александар. За да му е поевтино, спиеше на таванот на ВМРО.Каракачанов е вицепремиер – може да го прашате како тие ги одгледувал!”(Узунов). Најверојатно како печурки после дожд-во подрум и на таван!

За братучедот, “чудесијата!” Мијалков, вели дека тој нема ништо заедничко јавно со својот татко Јордан Мијалков:”Tаткото беше директор на фабриката “Брест”, министер за внатрешни работи. Го убија додека една шах-табла направена рачна изработка, резба. Зедов ја, зашто ми рече дека е направена од бугарските затвореници во Идризово”.(Узунов).

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе