Струга, 12 ноември 2018
Македонскиот писател Петко Шипинкаровски е овогодишен добитник на наградата „Аполон“, која ја доделува градот Сремска Митровица.
Шипинкароски, истовремени, е прогласен и за почесен граѓанин на античкиот град Сирмиум на чии дворишта, на Царските порти, е распослана денешна Сремска Митровица
Покрај Шипинкаровски, наградени се уште и Елка Њаголова, писател од Бугарија, Бабкен Симоњан, почесен конзул на Република Србија во Ерменија и Срѓан Малешевиќ од Србија.
Изборот за награта го направи комисија, предводена од писателот Недељко Терзиќ, a ги врачи градоначалникот на Сремска Митровица, Томислав Јанковиќ.
Во градската библиотека на Шид, на Шипинкаровски и на другите добитници на наградата, им беше приреден портрет, додека тие читаа творби од своето книжевно творештво.
Избор од творештвото на Шипинкаровски, песни, објавени се во списанието „Српска вила“ од Биелина и „Свитак“ од Пожега.
(в.м.)