КОЧАНИ: 200 милиони денари од државниот буџет

Кочани, 27.11.2018

„За една година, колку што сум градоначалник, Кочани доби близу 200 милиони денари од централната власт за реализација на инфраструктурни проекти, нешто што не се случувало во изминатите децении. Тоа се повеќе од три милиони евра од државната каса по различни основи, сума која е блиска до реализираниот општински буџет за оваа година“.

Ова, не средба со новинарите, го истакна градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, анализирајќи ги состојбите воопштината при крајот на календарската година.

КОЧАНИ ОБРАЗОВАНИЕ ДОЛГОВИ 15.11.2018Илијев посочи наброја дека со 102 милиона денари е извршена целосна рехабилитација на 11 километри од патот Пониква – Кочани, одобрени се 30 милиони денари за проектот Планински велоиспедски рај, со 14,5 милиони денари во тек е реконструкција на Центарот за култура „Бели мугри“, асфалтиран е патот од Кушка кон Полаки, 6.300.000 денари се добиени за изградба на улици во Ромското Маало, се асфалтираат два километри од улицата „Страшо Ербапче“, а добиена е поддршка од 20 милиони денари за расчистување на долговите во образованието.

Во пресрет на креирањето на новиот општински буџет, градоначалникот Илијев најави планско и рационално трошење на парите на граѓаните, со решавање на зацртаните приоритети.

„Секоја ставка во буџетот за 2019 година ќе биде зголемена, а вкупните планирани средства ќе бидат помалку од овогодишниот и реално планиран буџет од 180 милиони денари. Зголемувањето на средствата за инфраструктурата ќе биде од 61 милион на 75,5 милиони, а сето ова зборува за нашите намери за економично, планско и рационално работење“, рече Илијев.

Во наредниот период општинскиот нацрт-буџет за 2019 година ќе се најде на расправа пред јавноста.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе